Манго Премиум ги носи клучните парчиња за оваа зима

7 ноември 2017

Новата Премиум колекција на шпанскиот бренд Манго, носи неколку клучни парчиња што оваа сезона се издвојуваат како тенденција.

Во основа ова е линија која се состои од парчиња што може лесно да се адаптираат од дневен до вечерен изглед. Белата боја преовладува и се појавува во неколку различни варијанти како: костумот од кадифе, сако, широки панталони, блузи со висок околувратник...

Ќе забележите дека во кроевите преовладува минимализмот, што пак ги зголемува опциите овие парчиња да ги комбинирате во што повеќе аутфити.

Фустанот на преклоп од кадифе во темно зелена боја е вистински избор за некоја посебна пригода.

Фото извор: Манго

 

Објавено:
7 ноември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.294 пати