Marc by Marc Jacobs: Колекција посветена на сурферите

2 јули 2014

collage1

Marc by Marc Jacobs ја презентираше новата пролетна колекција за мажи за 2015 година. Имајќи го на ум изгледот на сурферите од Калифорнија и нивниот животен стил, Џејкобс создаде колекција со свежи бои, која одлично ќе се вклопи и во ова време на летни фестивали и забави на плажа.

Она што се забележува уште на прв поглед се веселите бои, со блага доминација на сината, како и миксот од трајбал принтовите и пачворк елементи.

Колекцијата е составена шорцеви, маици, дуксери, летни јакни и сакоа, панталони изработени од водоотпорен материјал.

Погледнете како Џејкобс ги замислува мажите ова лето...

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Колекции