Марчеса, Мајкл Корс, Проенза Скулер и Рејчел Зое на претпоследниот ден од NYFW

12 септември 2013

NYFW

Ниту претпоследниот ден од модната недела во Њујорк не беше помалку интересно од досега. Со своите колекции Мајкл Корс, Марчеса, Проенза Скулер, Рејчел Зое успеја комплетно да го задржат вниманието на присутните.

Мајкл Корс со колекцијата пролет 2014 покажа дека се чувствува романтично. Нежните и лелеави фустани веднаш ги освоија жените. Сината тантела, нежните принтови, жоржетот како главен материјал одлично се вклопуваат во неговата визија.

Некаде во таа насока се движи и Марчеса. Нежната нота е надополнета со посебна елеганција и гламур. Лелеавите и лесни материјали и овде се присутни, со многу тантела, реси и цветни апликации.

Пролетната колекција пак на Проенза Скулер содржи многу сјајни елементи, како метални плетки, цветни гердани, а особено се впечатливи палтата со сирена крој ( горе тесни, а од половината се шират).

Едно од нештата по кои е препознатлива Рејчел Зое е животинскиот принт кој и овој пат е присутен. Целата колекција е во духот на 1970-тите, но проткаен во новото време. Исто така, вметнат е и војничкиот дезен, а кога се во прашање боите, доминираат минт нијансите и белата боја.

Објавено:
12 септември 2013
Категорија: 
Колекции