Машка колекција на Ла Перла за пролет/лето 2014 година

5 јуни 2014

Колекцијата е дело на талентираниот дизајнер Емилијано Риналди, а инспирацијата за истата ја влече од подводните животни како што се рибите, остригите и медузите.  Покрај кимоната, долгите наметки, маиците, шорцевите и пижамите, важно е да се напомене дека се користени високо квалитетни материјали како свилата, памукот и кашмирот.

Ла Перла машката колекција ќе ја лансира на 19 јуни на 86-тото издание на меѓународното шоу на машка облека и прибор, а во продажба ќе биде пуштена дури во декември. Брендот е основан во 1954 година и е специјализиран за долна облека и костими за капење.

Меѓународното шоу Pitti Immagine Uomo ќе започне на 17 јуни во Фиренца, Италија и е центар за размена на искуства,и идеи во областа на машката мода и трендови. Покрај костимите за капење, ќе биде изложена и машка спортска облека. Дел од овој настан ќе бидат повеќе од 1000 брендови од 30 различни земји.

Објавено:
5 јуни 2014
Категорија: 
Колекции