The Row е дефинитивно еден од најкул брендовите на светот, а Мери Кејт и Ешли Олсен сега создадоа и шик парчиња за мажи кои момците ќе ги обожаваат.

Нивниот бренд изминатите неколку години одлично напредуваше и денеска важи за еден од најпочитуваните во модната индустрија со парчиња кои девојките ги обожаваат.

Фото: The Fashion Law

За прв пат, тие лансираат колекција целосно посветена на мажите во кои вклучија парчиња кои се олицетворение на елеганцијата и класиката, но истовремено тренди.

По 12 години работа на женски линии, познатите близначки неодамна најавија дека наскоро планираат да работата на машка колекција, а деновиве и официјално беше презентирана истата.

„Направивме една капсулна колекција за мажи пред неколку години, бидејќи сакавме да добиеме повратна информација како ќе им се допадне нашата работа на момците. На тој начин, имавме увид при спремањето на новата колекција и ова е резултатот“, изјави Ешли во едно интервју.

Дел од колекцијата се фармерки, плетени блузи, одлично скроени костими и машки јакни кои се супер допадливи уште на прв поглед.

Истата се состои од 38 парчиња и одлични модни додатоци за мажи, а цените се движат од 290 до 6.250 долари.

Инфо: Fashion.hr, The Hypebeast

Објавено:
30 октомври 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
138 пати