Миланска машка модна недела: Погледнете што предлагаат Diesel и Аrmani

25 јуни 2013

На миланската модна недела се претставија и Дизел и Емпорио Армани, и ја прикажаа својата замисла за тоа како треба да изгледаат мажите за сезона пролет - лето 2014.

Дизел се претстави со одела на риги, сатенски бејзбол јакни и бермуди. Дел од странските медиуми велат дека на вчерашната ревија на брендот, миланската модна недела добила лик на пролетен натпревар на НБА.

Опасниот изглед со сивите, решеткасти очила за сонце беше „омекнат“ со цветни везови, што одлично се согласуваа со острите кожени јакни.

Армани пак остана доследен на чистиот стил, ослободен од непотребни детали и украси, освен во еден модел, што наликуваше на ролетна, пренесуваат странските медиуми.Особен впчаток оставија јакните, панталони и секако оделата кај кои, како и кај останатите модли доминираше омилената боја на дизајнерот – тегет. Покрај неа имаше и парчиња во зелена, беж и ледено бела со што креаторот се обиде да создаде дигитален ефект, како што е и називот на колекцијата. Иако панталоните се нешто покуси и се гледа глуждот, Армани смета дека токму голиот глужд е секси.

Елеганцијата беше детаљ што го красеше секој од моделите, и поради која во никој случај нема да згрешите дека се работи за Армани.

Објавено:
25 јуни 2013
Категорија: 
Колекции