Мини колекција цветни парчиња од Прада

22 април 2016

Модниот бренд Прада секогаш се грижи за своите клиентки, па така оваа пролет ги изненади сите со прекрасни фустани со омилениот цветен принт.

Оваа сезона, ваквите принтови можеме да ги пронајдеме на речиси секое парче облека, а особено привлечни се на долгите фустани, свилените „пижама“ костими, но и на модните додатоци како чантите, марамите, чевлите и што уште не.

Дизајнерката која е секогаш чекор пред останатите, за оваа пролет претстави посебна цветна колекција составена од фустани, блузи, панталони и здолништа со овој романтичен принт.

Блузите одлично изгледаат кога се комбинираат со фармерки, а здолништата со едноставни блузички со голи рамена со што секогаш се истакнува женственоста што дизајнерката сака да ја постигне.

Фустаните на прерамки таа ги комбинира со еден од најголемите трендови сезонава, односно со нежна и едноставна блуза одоздола.

легантните кожени чанти се нешто што таа секогаш го става во комбинација, а подеднакво стилски се и сандалите со ремчиња во кафена, црна и бела нијанса.

Оваа пролет дефинитивно парчињата со цветен принт се must have во секој женски плакар.

Објавено:
22 април 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
567 пати