Мини-колекција на Вивијан Вествуд

5 октомври 2013

2.125 фунти

Вивијан Вествуд во соработка со Matchesfashion.com креираше капсулна колекција на фустани за црвен килим. Секој од четирите дизајнерски парчиња го содржи потписот на брендот.

„Принтот на фустаните совршено ја прикажува брилијантноста на Вивијан Вествуд да создаде парчиња совршени за на црвен килим - гламурозни со субврзивен твист. Така на нашите клиенти им нудиме нешто безбременско и неверојатно посебно“, вели Натали Кингам од Matchesfashion.

Парчињата се достапни во монохроматски нијанси, палета на розова боја и карамел, за цените се движат од 2.125 до 2.970 фунти.

2.865 фунти

„Колекцијата е навистина класична и елегантна, и го обединува најдоброто од дизајните на Вивијан Вествуд некогаш и сега“, велат од тимот на дизајнерката, а  колекцијата ќе биде достапна од 9.октомври.

Објавено:
5 октомври 2013
Категорија: 
Колекции