Модерна дива според замислата на Патриција Пепе

25 септември 2014

Модната куќа Патриција Пепе ја престави својата пролетно – летна колекција наменета за сите оние урбани дами кои се постојано во гужва низ градскиот метеж. Независната и динамична жена во модерно време не се плаши да биде приметена, а оваа колекција која изобилува со шаренило од бои, цветни принтови и пруги е идеална за нив.

Пролетно/летната колекција е составена од фустани, здолништа, кратки топови и панталони, „bomber“ јакни, чанти во пастелни нијанси, сандали и салонки на ниска пета, кои се идеални за пешачење низ градските улици. Жената според замислата на Патриција Пепе е модерна дива, која истовремено е едноставна и софистицирана и која не се плаши да одговори на секојдневните предизвици.

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Колекции