Модерна интерпретација на 70-те во новата есенска колекција на Манго

20 август 2018

Комерцијалните брендови веќе ги промовираат своите нови есенски колекции, а со тоа ни прогнозираат и каква сезона нè очекува кога се модните тенденции во прашање.

На својата онлајн продавница, шпанската етикета Манго ги објави новите есенски парчиња во чиј дизајн е направена модерна интерпретација на секогаш инспиративната естетика на 70-тите години.

Ретро вибрациите се присутни во секој сегмент на оваа колекција, почнувајќи од дезените, па се до плетенините и кроевите кај кои доминираат трапезоидните форми.

Џинс комбинизоните ја задржуваат својата популарност и во оваа есенска линија на Манго, исто како и мини здолништата со едноредно закопчување.

Меѓу модните додатоци се издвојуваат чизмите до колена на дебела потпетица, што совршено ќе го надополнат женствениот аутфит со макси или миди фустан со флорален принт.

Фото извор: Манго

Објавено:
20 август 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.874 пати
Тагови: 
Манго