Модерна визија и сексапил на Марија Антоанета во новата колекција на Аделејс

8 јануари 2014

a4

Публиката на Fashionel веќе имаше можност да се запознае со младата дизајнерка Бланка Бојовиќ, која веќе долги години живее и работи во Лондон, а со тоа да се запознае и со нејзиниот бренд за лежерна облека  (Loungewear)-  Аделејс (Adelais).

Така, веќе ја презентиравме зимската колекција, чиј едиторијал привлече многу симпатии, како и моделите кои истовремено беа и софистицирани, лежерни и удобни.

Колекцијата пролет-лето 2014 штотуку се појави, а во фокусот се модели инспирирани во Марија Антоанета, секако ставени во модерен контекст. Свежи бои, малку повеќе смелост и сексапил се она што може уште на прв поглед да се забележи.

-Оваа колекција има 16 парчиња. Инспирацијата ја црпев од Марија Антоанета и летниот дожд... Поразлична е од претходната, малку експериментирав... На парчињата изработени од шифон, има и кристални капки од Сваровски - вели Бланка.

Во продолжение погледнете го и едиторијалот изработен по овој повод.

a1

a2

a3

a5

a6

a7

a8

a9

Објавено:
8 јануари 2014
Категорија: 
Колекции