Модернистичко отелотворување на викторијанската ера во пред-зимската колекција на Меквин

20 јануари 2014

Сара Бартон во својата пред-зимска колекција за Александар Меквин се фокусира на издолжување на женската силуета и елегантно нагласување на луксузот карактеристичен за високата класа во викторијанската доба.

Линијата е осовремена слика на викторијанската дама: долги фустани од сатен, палта од кашмир и рачно везени елементи од свила. Модернистичкиот премин ефективно е направен со ултра-трендовските аксесоари како што се моторџиските чизми и сребрените ремени кои комбинирани со елегантните тоалети и крзнените додатоци, најавуваат нов ексклузивен тренд-спојување на кревката и доминантната силна страна на жената.

 

 

Објавено:
20 јануари 2014
Категорија: 
Колекции