Неверојатната дизајнерка Моник Лулие повторно одлучи да ја прикаже нејзината нова, пролетна колекција во Париз наместо во Њујорк, со објаснување дека жената која ги носи нејзините парчиња, најмногу се пронаоѓа во Франција.

„Оваа колекција е толку безгрижна, елегантна и забавна. Мислам дека сите девојки сакаат да се чувствуваат елегантно и да бидат добро облечени, но сето тоа да биде лежерно“, изјави дизајнерката за колекцијата.

Во оваа колекција дизајнерката смести неодоливи фустани претежно направени од тул, украсени со 3Д цветови, везени детали, светки, колоритни панделки на половината, тантела, но прикажа и посмирени варијанти на фустани, на преклоп, тесни и надополнети со тантела.

Ова е уште една прекрасна и неверојатно романтична колекција по кои дизајнерката е позната, со што уште еднаш не ги разочара нејзините обожаватели кои се вљубија во парчињата на прв поглед.

Извор и фото: WWD

Објавено:
18 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
420 пати