Доменико Долче и Стефано Габана за прикажувањето на нивната нова колекција за следната пролет поканија некои од најголемите имиња во индустријата и направија спектакуларно шоу во Милано.

Моника Белучи, Хелена Кристенсен, Ева Херцигова, Ешли Греам, Изабела Роселини, Карла Бруни се само некои од прекрасните дами кои ја презентираа нивната нова колекција за следната пролет.

Секогаш прекрасната Изабела Роселини на пистата се појави во елегантна комбинација составена од црни панталони, бела кошулка и впечатлива наметка во друштво на нејзиниот син, ќерка и внукот.

Она што беше интересно е тоа што секоја жена беше претставена како индивидуа, а можевме да видиме прекрасни дами од сите возрасти, со разни форми на тело, plus size модели кои на совршен начин ги претставија новите парчиња на дизајнерите.

Вистинска сензација беше 70 – годишната убавица Меј Маск која чекореше заедно со некои од најпознатите млади манекенки во моментов.

Што се однесува до креациите, како и секогаш можевме да видиме многу боја, многу цвеќиња, круни, секси црни фустани, фантастично скроени женски костими, раскошни фустани во А – крој и многу други одлични модни додатоци.

Погледнете ја целата колекција погоре во галеријата.

Објавено:
24 септември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.092 пати