Морнарски пруги, цветови и живописни бои во новата Спрингфилд колекција

10 март 2017

Пролетта пристигна во еден од омилените урбани брендови на сите времиња – Спрингфилд. Како и секогаш, оттаму нѝ доаѓа нова, супер свежа колекција која е наменета за сите урбани момци и девојки. Одберете го вашето омилено парче од новата колекција на брендот во која се вметнати повеќе стилови за задоволување на сечиј вкус.

Ретро – спортски стил

Колекција која е инспирирана од 80-тите години, со младешки дух и лежерен стил. Комбинирањето на колор-блок боите како црвена, зелена и сина доминираат на ретро-спортските парчиња. Џинсот и патиките  го комплетираат изгледот.

Морнарско

Секоја пролетна сезона, дел од колекцијата е инспирирана од морнарскиот стил, во индиго сини, црвени и бледо кафени нијанси, надополнети со пругасти шари, цветни принтови и везови. Сината памучна парка ќе биде ваш постојан придружник во секојдневниот изглед.

Европски дух

Линија во која преовладува европскиот стил во палета на свежи и светли тонови како сина, бела и беж боја. Ригите се клучни шари на маиците и џемперите кои се комбинираат со слим-фит чино-панталони, џинс јакна и кремаст мантил.

Ориентални цвеќиња

Пастелно розовите тонови, сивите нијанси и резеда бојата ги рекреираат јапонските флорални мотиви на јакните, фустаните и блузите.  Урбани парчиња со женствен изглед.

Облечете се во боите на природата

Пролетта ни пристига. Колекција со еднобојни парчиња во природни тонови, на кои преовладуваат портокаловата, зелената и сината боја. Едноставни принтови на џемперите и маиците, со ефект на избледување, чино панталони во различни бои и шорцеви за урбани пролетни прошетки.  

Ботаничка градина

Живописните бои доминираат во машката колекција, а мотивите на ориентална градина и ботаничките цвеќиња се клучни елементи во женската линија. Зелени, бледорозови и сини нијанси, се основните бои кои преовладуваат на фустаните и на кошулите.

Овие парчиња се комбинираат со џинс со избледен ефект и искинати детали за тренди и удобен изглед. Кошулите се важни парчиња за оваа сезона и истите ги има во различни шари и стилови. Цветни принтови, везови и пруги се задолжителни за сезоната што ни претстои!

Објавено:
10 март 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
909 пати