Најдоброто од 25. издание на Cro-a-porter

30 март 2015

Јубилејното 25-то издание на модната манифестација во Хрватска, Cro-a-porter се одржа викендов. Тоа беше добар повод да се видат повеќе хрватски модни дизајнери на едно место, како и лица од шоу-бизнис светот.

Така, во двата дена, се претставија преку 25 модни брендови и дизајнери и ги претставија своите замисли за трендовите како за оваа, така и за следната сезона.

Манифестацијата ја отвори добропознатата дизајнерка Матија Вуица, прикажувајќи ја колекцијата „Лунар“. Во интензивни бои и различни техники, Вуица прикажа впечатливи долги тоалети, со доза на екстравагантност, по која и е препознатлива. Нејзините креации ги носеа поранешни популарни модели, што беше уште еден повод очите на јавноста да бидат вперени во нејзиното модно претставување.

Matija Vuica

Во изминатите два дена, хрватските дизајнери покажаа мода за мажи и жени, инспирирана од разни градови, уметности, времиња. Покрај долгите и свечени тоалети, меѓу колекциите беа застапени и урбани парчиња, облека со војничка нота, комбинации за сите дами...

Палетата на бои се движеше од бела, преку пастелни нијанси на сина, розова, зелена, па се' до интензивни тонови во сите бои.

Модната манифестација заврши со секогаш интересниот Јурај Зигман. Тој остана доследен на својот моден израз, паи овој пат презентираше несекојдневни креации. Крајниот резултат е комбинација од инспирациите, односно од Јапонија и операта на Пучини, Madam Butterfly. Секоја од креациите содржеше паринтови, мотиви на цвеќе, кимоно мотиви....

Zigman

Zigman

Со оглед на тоа дека оваа модна манифестација го доживеа своето 25 модно издание, ова беше вистинска и спектакуларна завршница.

Во продолжение погледнете го најдоброто од Cro-a-porter:

Објавено:
30 март 2015
Категорија: 
Колекции