Најдоброто од неделата за Висока мода

27 јануари 2017

Неделата за Висока мода во Париз заврши вчера. Дизајнерите ги претставија колекциите за претстојната сезона пролет-лето 2017 година.

Генералниот впечаток е дека речиси сите модни куќи понудија луксузни, но носливи модели, а сè со цел што повеќе да се приближат до своите клиенти.

Љубителите на свечените креации, светките, пердувите, тулот и тантелата веројатно ќе бидат задоволни, бидејќи тоа се издвои како доминантен тренд.

Секако, не изостануваа ниту оние што ја претпочитаат уметноста, па креацијата од колекцијата на Мезон Марџела со лице на жена од тул стана вирален хит. Уметнички настроена беше и Стефани Роланд, како и Виктор и Ролф, иако од нив сме гледале и далеку поуспешни и пооригинални колекции.

Што се однесува до боите, палетата се движи од пастелни, преку нијанси на розово, портокалово (особено доминантно кај Армани), па сè до темносини и црни креации.

Во галеријата направивме наш избор на најинтересното и најдоброто од оваа модна недела, што секако не завршува тука.

Уживајте!

Објавено:
27 јануари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
561 пати