Можеби една од најубавите пред – есенски колекции доаѓа од големиот Мајкл Корс кој овој пат реши да ги разгали жените со навистина романтични и посебни парчиња.

Секое од нив е декорирано со скапоцени камења, неодоливо крзно, раскошна тантела и навистина богат колорит.

Дизајнерот ја замислува жената како исклучително моќна, храбра и решителна, а истовремено толку нежна и романтична во мистичната есен.

Парчињата што дизајнерот ги смести во неговата пред – есенска колекција се вистинско олицетворение на елеганција, женственост, одмереност и неверојатен раскош што жените го обожаваат.

Тие ги обожаваат и нежните и висококвалитетни материјали од кои овој пат тој направи неодоливи вечерни фустани, елегантни панталони, стилски капути, фустани со фалти, неверојатни чевли, крзнени додатоци и шик чанти.

Во галеријата погоре ги гледате сите парчиња од колекцијата во кои ние се заљубивме на прв поглед.

Објавено:
10 декември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.752 пати