Наоми Кембел и Кити Спенсер главни лица во луксузната колекција на Долче и Габана

11 јули 2018

Модното дуо Долче и Габана неодамна ја презентираше колекцијата од „алта мода“, а овој пат сметаа дека совршената локација за тоа е езерото Комо.

Тие го открија својот рецепт на успехот - Италија претставена на сите начини, па затоа и не изненадува изборот на местото и начинот на презентација.

Овој пат инспирацијата освен во родната земја, ја најдоа и во книгите.

„Се инспириравме од книгите од 18-ти век затоа што се многу романтични. Но, потоа ни се сони нешто сосема лудо, на пример романтичен фустан во впечатлива сина боја, со цветна круна во главата. А потоа друг психоделичен, а трет како костим на калуѓерка“, објаснува Доменико.

Како и досега кога се ваквите колекции во прашање, поканите се наменети само за ексклузивни гости, односно клиенти и одбрани медиуми. 

Фотографиите се достапни ексклузивно за „Вог“, а од нив може да се забележи дека цветните мотиви, тантелата, пердувите и брокатот се повторно нивниот прв избор. 

Дел од парчињата се со мотиви од италијанска архитектура, а она што исто така ќе го забележите е впечатливиот накит.

Колекцијата не би била комплетна без балските фустани, на кои обрнуваат посебно внимание. Нив ги носеа Наоми Кембел и Кити Спенсер, а во улога на модели се најдоа и други познати личности, меѓу кои и 70-годишната Меј Маск.

Во продолжение погледнете дел од колекцијата:

Објавено:
11 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
194 пати