Омилената српска дизајнерка Роксанда Илинчиќ повторно ги радува нејзините обожаватели, овој пат со неодолива пред – есенска колекција во прекрасни бои.

Како и секогаш, таа понуди уникатни парчиња изработени од шик материјали украсени со шармантни принтови, меѓу кои најмногу преовладуваат цветовите.

Целата колекција на Илинчиќ нѐ потсетува на добрите стари денови, на ретро модата исполнета со безгрижни кроеви и многу боја.

Во колекцијата ќе најдете супер скроени капути во нежни бои, куси здолништа комбинирани со блузички со цветови, фустани со неправилен крој, долги кожени капути со големи копчиња, килоти со широки ногавици, панталони со висок струк и што уште не.

Парчињата од колекцијата на Роксанда овој пат добија остар крој кај рамениците, ѕвонести делови кај ракавите и подобра комбинација на бои од кога и да е.

Објавено:
15 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
706 пати