Њујорк на италијански начин – Алта мода спекаткл на Долче и Габана

10 април 2018

Преку сто раскошни „haute couture" креации, италијанското дуо Долче и Габана го раскажа своето доживување на Њујорк и Америка. Претпоставувате, се работи за една спектакуларна „туристичка" авантура.

Токму затоа, традиционалната „алта мода" годинава се одржа во култната Metropolitan Opera House во Њујорк, градот кој со сите свои обележја, шарм, динамика и историја, беше инсирација за новата колекција во рангот на високата мода на италијанската модна куќа.

Дизајнерите направија фасцинантен кастинг на модели, ѕвезди како Наоми Кембел, Ешли Греам, Меј Маск, што му даде дополнителна атрактивност на целото шоу.

Сите културолошки, социјални и општествени обележја на Њујорк беа пресликани во визијата на Долче и Габана, модифицирани во луксузни креации што пленат со својот дизајн.

Статуата на слободата, Бруклин, облакодерите на Менхетан, жолтите такси возила, The Empire State Building и секој сегмент од темпераментот на Њујорк, се дел од раскошната „разгледница" на градот, онака како што ја доживува италијанското дуо.

 

Објавено:
10 април 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
463 пати