Ноемвриски урбан лукбук на Страдивариус

10 ноември 2014

Ноемврискиот лукбук нуди парчиња за сите оние девојки кои негуваат кежуал и урбан стил. Колекцијата е составена од префинети парчиња, со нагласување на младешката нота, како и облека која ја нуди неопходната топлина за престојната зимска сезона. Покрај облеката, брендот понуди и модерни аксесоари.

Колекцијата на Страдивариус е составена од плетени капи, марами, фустани крзнени елеци, фармерки, панталони, кожени здолништа и разни модели на модни додатоци. Понудата на брендот е комплетен производ, со цел ажурирање на есенцијалната гардероба, за ладната сезона која е пред нас.

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Колекции