Номадска естетика во ресорт колекцијата на Балман

7 јули 2015

Француската модна куќа Балман во својата нова ресорт колекција за 2016 година ја естетизираше номадската егзотика и ја позиционираше во урбаната, градска џунгла.

Оливие Рустенг се задржал на препознатливата силуета за брендот, со впечатливи, секси исечоци и женствени линии. Колорната карта покрај препознатливите земјени тонови е збогатена и со уште неколку впечатливи бои како интензивно портокалова и пудресто розова.

Целата колекција добива авантуристички предзнак, бидејќи како што вели и самиот креативен директор, е инспирирана од моќните жени кои не се плашат да експериментираат.

 

Објавено:
7 јули 2015
Категорија: 
Колекции