Нова колекција на Лудус „Emotional Landscapes“

14 ноември 2016

По покана на организаторите на фестивалот на европски филм Синедејс 2016, во вторник 15.11. 2016-та година, Лудус ќе ја прикаже најновата безродова колекција насловена како „Emotional Landscapes“.

Истата ја разработува темата започната со претходната колекција и е базирана врз фраза од песна на Бјорк од албумот „Homogenic“.

Парчињата говорат за чувства на алармираност во јазик својствен за работата на Лудус. Публиката ќе има можност да погледне мултимедијален моден перформанс при што облеките ќе ги носат модели избрани по пат на кастинг на социјалните медиуми. 

Вечерта  конципирана како спој на музиката и модата и е насловена Fashion and Music. Веднаш по модниот документарен филм „Првиот понеделник во мај“ на режисерот Ендру Роси што говори за неколкугодишните подготовки за модната изложба инспирирана од Кина, насловена како „Кина: Низ огледалното стакло“, закажан за 21 часот, публиката ќе може да ја проследи ревијата на Лудус во салата 25-ти мај, во 22:30 часот по што следи забава со диџејката Еми Ермилова.

Објавено:
14 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
111 пати