Нова Mango Baby колекција инспирирана од селската идила

7 ноември 2016

Покрај бројните колекции за возрасни, еден од омилените high street брендови Манго, конечно ја лансираше новата колекција за најмалите и погодувате дека истата е преслатка.

Тимот на брендот малите ги носи на фотографирање на село, а токму во тој стил се и новите парчиња од нивната последна колекција за дечиња.

Топли капути, карирани модели и плетиво се само дел од парчињата во колекцијата кои дизајнерите ги комбинираат со џинс, кошулки, панталони, фустанчиња и здолништа за девојчињата.

Во колекцијата ќе видите парчиња во неутрални есенски тонови со акцент на црвена, портокалова и розова, но и такви кои неодоливо потсетуваат на бескрајните ливади и полиња.

Малите девојчиња во оваа колекција ќе пронајдат меки и топли капутчиња, слатки маички и карирани фустанчиња, нежни џемперчиња, додека за момченцата има супер фармерки, памучни кошулки, тексас јакни и што уште не.

Дел од колекцијата се и преслатки патичиња, чизми, високи чорапчиња и многу други интересни модни додатоци.

Целата колекција погледнете ја во галеријата подолу.

Објавено:
7 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
626 пати