Новата дизајнерска фаза на Катерина Гата

28 февруари 2014

Италијанската дизајнерка Катерина Гата започна ново поглавје во својот дизајнерски опус со  капсулната колекција за следната зимска сезона која форсира поинакви кроеви кои што не се својствени за стилот на оваа дизајнерка. Катарина е позната по нејзината рачна доработка на винтиџ модели на веќе промовираните креации „haute couture“ на светски модни куќи како Ив Сен Лоран, Пјер Гарден, Унгаро и Џани Версаче.

Овој пат Катерина се инспирираше од  уметничкиот израз на сликарката Софија Качапаља, фокусиран на надреализмот. Дизајнерката направила интересен микс на дезени и кроеви раководејќи се според ремек делата на познатата уметничка, па така голем дел од моделите како основа ја имаат белата боја, која што е синоним за белото платно и се „исцртани“ со пролетни бои и принтови, дело на модната фантазија на Гата. Младешките парчиња се изработени од лесни, лелеави и транспарентни материјали како свила и жоржет и изгледаат многу софистицирано, модерно и уметнички. Фотографиите ги изработи италијанецот Паоло Сантамброџо.

 

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Колекции