Новата елегантна колекција на „Версаче“ ќе ве воодушеви!

31 јануари 2019

Брендот „Версаче“ ја претстави колекцијата за пролет 2019 година и ги натера жените да воздивнуваат по неа. Се работи за креации кои ја истакнуваат елеганцијата на жената, најчесто во сирена крој.

Но, постојат и такви, што ја истакнуваат и онаа темпераментна, слободна страна на жената, претставени преку употреба на лелеави ткаенини, нежни, а скапоцени. 

Сексипилот по кој модната куќа и е препознатлива, секако е присутен, но не вулгарен. На женствен и софистициран начин жените можат да го истакнат делот од телото на кој се посебно горди - раменици, нозе, раце, облините...

Колекцијата содржи и неколку машки креации, од елегантни, до урбани со впечатлив принт, што исто така е одлика на куќата.

Во продолжение погледнете ја целата колекција. 

Со оглед на тоа дека започнува периодот кога матурантите почнуваат да размислуваат за својот изглед или почнуваат подготовките за некоја свеченост, сигурни сме дека многумина ќе ја пронајдат инспирацијата токму тука. 

Сепак, инспирирајте се, но не и копирајте. Прилагодете ја облеката на својата градба, естетски сензибилитет и вкус. 

Објавено:
31 јануари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.980 пати