Популарниот бренд H&M најави соработка со еден од најпознатите дизајнери од 60 – тите, Ричард Алан кој беше почитуван поради неверојатните принтови пренесени на стилските парчиња, особено уникатните марами.

Целата колекција ќе биде достапна на почетокот на септември, а брендот презентираше неколку одлични модели според кои можеме да забележиме дека колекцијата ќе биде и повеќе од барана.

Популарните принтови на дизајнерот се пресликани на стилските блузички, кошули, плисирани здолништа и панталони, а истите неодоливо потсетуваат на модата од 60 – тите.

„Убаво е што знам дека принтот на мојот татко ќе добие целосно нова публика, тој би бил воодушевен како што сум и јас. Се надевам дека соработката со H&M ќе ѝ отвори сосема нова врата на новата генерација млади луѓе, пкажувајќи им го извонредниот талент на Ричард Алан“, изјави Кејт Алан, ќерка и креативна директорка на брендот на Ричард Алан од Лондон.

Инфо и фото: Fashion.hr

 

Објавено:
17 август 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.848 пати