Новата колекција на Алекса Чанг инспирирана од матурските забави

6 октомври 2017

По успехот што го постигна со првата колекција што ја презентираше пролетта, модната икона Алекса Чанг за време на Модната недела во Париз ја претстави и втората колекција за својот бренд Alexachung.

Колекцијата е насловена „Prom Gone Wrong" што директно алудира и инспирацијата за истата, односно сите оние мали незгоди што се случуваат за време на матурските забави.

Едиторијалот е всушност препознатлива сцена од матурските забави, со модели во улогата на „бесни" тинејџери, расфрлени конфети, многу светки и балони.

Сите дизајнерски парчиња всушност се и супер предлог за идните матуранти, како што се миди фустаните изработени од светкави материјали, мини здолништата од кадифе, костуми со принтови, како и романтични фустани украсени со карнери и панделки.

Фото извор: Alexachung

 

Објавено:
6 октомври 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
257 пати