Новата колекција на Диор e дива и возбудлива

5 декември 2017

Уште еднаш Марија Грација Кјури ја фаворизира женската моќ преку Диор. Својата нова колекција таа ја „спакува“ заедно со мексиканската фотографка и светска уметница, легендата Грациела Ајтурбајд. Фотографиите за оваа нејзина колекција се надреални и ја рефлектира потсвеста на Марија Грација.

Таа ќе се одлучи токму за Ајтурбајд, затоа што била фасцинирана од нејзината работа и пристапот кон фотографијата. Една од причините зошто е сетот во Мексико е токму потеклото на Ајтурбајд.

Таа е позната во светот на фотографијата со жестоките пораки од нејзините ликови, портретирајќи ги луѓето од Џакутан, Мексико. Центар на нејзината инспирација е Фрида Кало и преку неа ги има претставено емигрантите во источниот дел на Лос Анџелес.

53 годишната Кјури е првиот дизајнер во Диор која го донесе слоганот "We Should All Be Feminists" преку маички како и сет на други модни парчиња. Марија сака да работи со женски артисти кои се буквално насекаде.

„Мислам дека е многу важно да погледнеш наоколу, затоа што ризикот во модната индустрија е голем и се крие позади секој агол, оти се затвора кругот. Кога зборуваме за феминизам, зборуваме за сите жени од светот*, вели дизајнерката.



Колекцијата е инспирирана од природата во Западна Калифорнија, а нејзина муза е Џорџија О Киф. Целиот сет е сместен во самата природа и ја прикажува онаа природна жена.

Извор: Elle.com

Објавено:
5 декември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
206 пати
Извор: 
Elle