Новата колекција на Михано Момоса е магија!

3 октомври 2019

Српскиот бренд Михано Момоса е способен да нè однесе во свет кој наликува на сказна. И сето тоа благодарение на бајковитите креации на дизајнерот Михано Анушиќ.

Неодамна тој преку фото едиторијал ја промовираше својата нова колекција за сезоната пролет-лето 2020.
Магија е присутна во секој нејзин сегмент. Драматично прикажана женственост, преку асметрични, волумензони кроеви и пердуви, како носечка карактеристика на брендот.

Интересен е спојот не само на материјали и текстури, туку и на бои, што ѝ дава шаренок израз и доловува различни емоции.

Како контраст на колор блок комбинациите, се и неколкуте целосно бели крации кои се врвот на луксузниот приказ на современата жена која не се плаши да биде видена и впечатлива.

Фото: Buro247.hr

 

Објавено:
3 октомври 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
889 пати
Тагови: 
Михано Момоса