Соработката на познатите светски музички имиња и спортските брендови во последно време стана пракса во светот.

Откако минатата година колекцијата на Ријана за Пума му донесе на брендот огромна заработка, сосема нормално беше дека вториот дел од истата ќе биде промовиран наскоро.

Презентацијата на втората колекција на Ријана за Пума се случи вчера во рамки на Модната недела во Париз во националната француска библиотека.

Очекувано, сите парчиња беа во нејзин стил, а во колекцијата таа смести волуменозни зимски јакни, куси маички, чорапи над колената, тесни спортски фустани, спортски комбинезони со деколте, широки чизми, плисирани здолништа и што уште не.

Истите се совршени за вежбање, за во ноќен клуб, прошетки и бесконечни забави на кои Ријана секогаш е обожавател.

Ако оваа пролет сакате нешто поинакво или мислите дека е време да внесете свежина во вашиот стил, тогаш колекцијата на Ријана е како создадена за тоа.

На нејзината ревија се појавија некои од најпознатите манекенки на денешницата меѓу кои и Лили Доналдсон, Стела Максвел, Џордан Дан и други.

 

Објавено:
7 март 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.086 пати