Новата колекција на Роберт Север е како создадена за одмор на Јадранот

27 јуни 2018

Хрватскиот дизајнер Роберт Север неодамна ја претстави новата ресорт колекција, која го носи името „Нина“.

Се работи за негова комбинација на актуелните трендови, преточени во летна приказна. Со оглед на тоа дека дел од парчињата и комбинациите имаат ретро нота, нас ни изгледаат како совршени за прошетки покрај Јадранот.

„Се поигравме со цветните принтови и пругите, кои секогаш се интересна тема во овој дел од годината. Линијата за кратката летна сезона е изработена од фин памур, високза и лен со детали од тантела. Посебно внимание е посветено на софистицираните плисирани парчиња од лесен муслин, совршени за посебни пригоди за ова лето. Фустаните, блузите и широките панталони ја сочинуваат основата на колекицјата, создавајќи можности за разни комбинации. Голема улога во визуалите игра и накитот, кој е уникатна работа на Слободан Велицки, кој веќе неколку години ги изработува модните детали кои ги следат останатите визуали на колекцијата. Овој пат, тоа се асиметрични ѓердани, обетки и алки, кои го следат модерниот и едноставниот стил на колекцијата, како и селекцијата на круни од стаклени кристали, кои се препознатлив детаљ на сите колекции на Роберт Север“, се вели во описот на Фејсбук страницата на брендот.

Во продолжение погледнете како дизајнерот ги замислува жените во актуелната сезона:

 

фото извор: www.facebook.com/pg/robertseverdesign

Објавено:
27 јуни 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
223 пати