Ако ви требаше малку инспирација за пролетно средување на домот, новата колекција на Zara Home ги има соодветните парчиња за тоа.

Целиот едиторијал во кој е прикажана колекцијата е снимен во прекрасна вила во пустина, а тоновите се неутрални и секогаш совршени.

Сите парчиња од колекцијата на прекрасен начин го повикуваат летото, а изработени се од природни материјали во склад со природата.

Токму поради тоа, истите на прекрасен начин го истакнуваат минимализмот, нежни се и ненаметливи, па секое парче ќе си го најде своето место во било кој дел од вашиот дом.

Можете да одберете од парчињата за кујна, за во бањата, ќе најдете шармантни детали и за во дневната соба, а како и секогаш, има и меки и нежни прекривки во кои уживаме секоја сезона.

Кампањата е насловена како „Summer Escape“, сосема соодветно за сите парчиња што дизајнерите ги вметнаа во истата и за омилениот период од годината што следи.

Иако до летото има уште неколку месеци, ова е прекрасен начин да се потсетиме на најубавото чувство што се раѓа во нас во топлите денови кои не можете, а да не ги обожавате. 

Инфо и фото: Buro 24/7 hr

Објавено:
15 март 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
522 пати