Новата пред – есенска колекција на Кавали инспирирана од Турција

18 ноември 2013

Се чини дека Роберто Кавали за неговата нова колекција со мислите отпатувал од Фиренца, преку древна Персија па се до прекрасната и секогаш мистична Турција.

Инспириран од килимите во неговиот сопствен дом, дизајнерот ги споил турските мотиви со неговите добро познати животински принтови со дополнителен графички ефект.

За дополнителен, совршено урбан изглед на колекцијата, единствениот Кавали додаде и шик кожени и лаковани јакни, модерни фустани со долги ракави и прекрасни панталони и палта за самоуверената и сосема женствена девојка на денешницата.

Уживајте во парчињата на Just Cavalli!

Објавено:
18 ноември 2013
Категорија: 
Колекции