Новата ресорт колекција на Оскар де ла Рента е фантазија

1 јуни 2019

Патувањето е тема која веќе неколку сезони ја истражуваат креативните челници во луксузниот бренд Оскар де ла Рента, Лаура Ким и Фернандо Гарсија.

Па некако природно и логично, за нивната ресорт 2020 колекција, тие отпатуваа по инспирација на една дестинација која се чини дека е непресушна во давањето креативен мотив – Јапонија.

Познатата wabi-sabi естетика ја интерпретирале на најлуксузно ниво, имплментирајќи ја преку пачворк техниката користејќи врвен текстил.

Кога дизајнерите бараат инспирација во Источната култура, несомнено дека линијата ќе содржи баремн неколку редефинирани варијанти на традиционалното кимоно. Моделите базирани на кимоно кроеви во оваа колекција се фантазија.

Комбинацијата на сина и бела, надополнета со детали во златни нијанси, асоцира и на морнарската униформа, што секако има природна позицја особено кога е во прашање ресорт колекција.

Уживајте во патувањето со Оскар де ла Рента.

Објавено:
1 јуни 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.282 пати