Новата ресорт колекција на Викторија Бекам во лежерно-деловен стил

8 јуни 2017

Верна на својата минималистичка естетика, Викторија Бекам креираше ресорт колекција која е нејзина лична интерпретација на деловниот изглед.

Тоа подразбира еден опуштен и суптилен израз на линиите заокружени во ненаметлива елеганција. Палетата на бои е игрива и почнува од пудрести и смирени тонови, а градира до интензивни и впечатливи бои.

Она што го одвлекува вниманието, секако со намера на дизајнерката, се ултра шик чевлите кои имаат шпицест врв, ниска штикла и боја со која се одвојуваат од целиот аутфит.

Викторија Бекам создаде уште една колекција која и самата со задоволство би ја носела.

Фото: vogue.com

Објавено:
8 јуни 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
575 пати