Новата „убиствена“ колекција на Александар Меквин

21 ноември 2013

Сара Бартон и нејзиниот дизајнерски тим од модната куќа Александар Меквин повторно не оставија без зборови. Колекцијата на луксузниот бренд за сезоната пролет/лето 2014 е комбинација на љубовни теми и интересни стилски дополнувања.

Единствениот Меквин во неговата колекција понуди јакни, палти, здолништа, панталони и што уште не, но истите се скроени на сосема поинаков начин. Покрај тоа, тој ги комбинира парчињата на начин што веднаш повикува истите да се најдат на нашето тело.

Во однос на боите, модната куќа овојпат се одлучи за неколку модерни бои што ќе бидат вистински хит следната пролет. Тие одбраа интензивна црвена, црна, сива, бела и сина.

Она што ни овојпат не изостана од неговата колекција се елгантните тоалети што тој знае да ги направи единствени. Меквин на жените им понуди неколку тоалети во црна боја, црвена и комбинација од двете.

Ние сме сигурни дека холивудските дами ќе полудат по неговата нова колекција, особено по тоалетите, бидејќи нам веќе ни се случи тоа!

Објавено:
21 ноември 2013
Категорија: 
Колекции