Нови есенски почетоци со урбаните колекции на Springfield

9 октомври 2015

Враќање во училиште, во редовниот работен колосек, на секојдневните обврски... Есента е резервирана за нови почетоци. Сосема погоден момент и за освежување на вашиот плакар со нови есенски и тренди парчиња што ќе ги вклопите во вашиот индивидуален имиџ.
Познатиот урбан бренд Springfield во својата есенска понуда размислуваше во различни стилски насоки што ги обединува енергичниот дух, практичноста, визуелната естетика и шик дизајнот.

ПРВА ВО КЛАСОТ

Карирани кошули, фустани и комбинизони со цветни принтови на сини основи се комбинираат со модни додатоци со ситни дезени на цвеќиња за да се истакне женственоста и нежната страна на оваа линија.

Забавна и весела колекција со палета на бои од класична сина, црвена и беж боја, со која ќе ја пречекате новата сезона во позитивно расположение. Carpe Diem!

МОДЕРНИ НА РАБОТА

Есента е период кога се враќаме повторно на работа. Оваа нова капсулна колекција нуди повеќе опции за да го пронајдете вашиот кул, опуштен изглед за на работа без да го изгубите„Springfield духот".
Сива и морнарско сина се клучните бои комбинирани со беж модни парчиња, пругасти кошули и панталони со еластични ногавици. Овие панталони се клучни модни парчиња за балансирање на секојдневниот наспроти формалниот лежерен изглед и силуета.

 БОЕМСКИ СТИЛ

Разновидна колекција, совршена за девојка која ги сака вибрациите на градот и нежната страна на природата.
Лелеави материјали помешани со џинс и текстури креираат романтичната атмосферана во оваа линија. Клучни елементи на боемската облека се фустаните, блејзерите и цветни принтови во пастелни бои на темни основи.
Моторџиските јакни и ресестите детали на модните парчиња ќе го нагласат боемскиот стил на овие модерни комбинации.

СЕКОЈДНЕВИЕ

Секојдневието се осврнува кон модата. Сите клучни модни парчиња за секојдневен изглед сега се тренди. Колекцијата содржи богата лежерна колорна палета и облеки кои се лесни и удобни за носење.
Стилот е фокусиран на модерно пристапување кон неформалниот-лежерен изглед со младешки став. Новите кројки и миксови ќе придонесат за комплетно различен изглед на оваа облека за секој ден. Тесни и „скини" чино панталони, петџебни панталони, волнени џемпери со ниска јака и фотографски принтови, памучен жакард и блузони со качулка со плоската плетка ќе го постават лежерниот тон.

Јакните со волна се придвижуваат кон урбаниот изглед заедно со геометриските дезени на жакард како нова верзија на традиционалната техника на плетење во повеќе шеми и бои.
Богати и карирани волнени ткаенини, комбинирани во различни дезени, кратки и долги елеци, нови обувки,чизми за трчање и волнените капчиња му додаваат актуелност на трендот и многу секојдневна приказна.

ПАТУВАЊЕ

Урбано-лежерна облека со есенски дух. Црната, белата и сивата боја со црвенкаст контраст се клучни за овој изглед. Струкирани кројки, карирани кошули и џинс со ефект на избледување во нијанси на црна и сива се задолжителни за оваа сезона. Монохроматските фотографски принтови преовладуваат на горниот дел од облеката. Едноставни и рачно изработени фонтови и техники на водени бои се аплицирани на секојдневните маички и блузи. Бомбер јакните, облеките изработени од материјали од кожа, најлон и гума се задолжителни. Оваа колекција ги претставува најминималистичките предлози за оваа есен-зима 2015 од машкото портфолио на Springfield.

ЗАНАЕТЧИСТВО

Колекцијата е инспирирана од боемскиот стил, воведувајќи секојдневен, релаксиран и удобен изглед. Сите комбинации се дозволени. Природни бои, оксидирана портокалова, војничко-зелена, мастилно сина и сива боја, сите заедно креираат извонредна палета на бои за оваа тема.
Фолклорни, етно дезени и графики се клучни за да се добие овој изглед. „Винтиџ" и ефект на избледеност, уништен џинс, панталони со ластик на ногавиците и широки панталони, како и војничките панталони придонесуваат за лежерен боемски призвук на оваа приказна. Виндјакнитесе клучни парчиња задолжителни за комплетен есенски сет.

 

Објавено:
9 октомври 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.228 пати