Нови кампањи на Валентино и Ботега Венета за есен – зима 2014/15

30 јули 2014

Иди Кемпбел е главна ѕвезда во новата кампања на Ботега Венета. Чистите, но остри геометриски линии се застапени како на креациите, така и на фризурата на манекенката. Сепак не се работи за нова фризура, туку е следен примерот на Жизел Бундшен во кампањата за Баленсијага каде таа е со кратка перика. Новата колекција изобилува со принтови и колор блок комбинации, како и креации кои би биле одличен избор за оние што го негуваат софистицираниот дрес код.

Валентино покрај колоритноста на колекцијата реши едиторијалот да го претстави со црно – бели фотографи. За сликите беше ангажиран фотографот Дејвид Белеј, а од моделите беа Ине Нефс, Јосфине ван Делден, Мартје Верхуф и Харлет Кусик. Низ креациите се провлекува основната идеја за камбек на шеесеттите години во модерна нотификација, а дизајнерите Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли успеаа успешно да ја преточат идејата во дело.

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Колекции