Нови парчиња од H&M совршени за летните забави

12 мај 2017

Еден од омилените high street брендови H&M повторно има мини колекција полна нови парчиња кои се како создадени за летните забави.

Истата го носи насловот „The Art of Party“, а со неа сите девојки ќе можат на супер начин да се подготват за сите добри забави што ги чекаат ова лето.

Дизајнерите на брендот за оваа колекција направија одлична селекција на шик парчиња кои ги нудат за свечените прослави и разни пригоди поради кои едвај го чекаме летото.

Основа на колекцијата и оваа година се фустаните, а подеднакво привлечни се и интересните комбинезони кои се наметнуваат како одличен избор доколку сакате нешто поинакво.

Класичниот модел на палта се враќа оваа сезона, па така задолжителен во вашиот плакар ќе биде белата нијанса на овие елегантни модели кои можете да ги комбинирате со што и да посакате.

Она на што никако не смеете да заборавите, а брендот нѐ потсетува со оваа колекција се модните додатоци и чевлите кои се неверојатно тренди.

Истите ќе ги украсат дури и најобичните комбинации за кои ќе се одлучите и ќе им дадат една сосема поинаква димензија за сите забави на кои ќе присуствувате.

Најдобрите парчиња од оваа шик H&M колекција ги гледате во продолжение во галеријата.

Објавено:
12 мај 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
951 пати