Новите „must have“ парчиња во кампањата на Fashion&Friends

25 октомври 2017

Најпознатата мултибренд продавница во регионот – FASHION&FRIENDS ја претставува рекламната кампања за есен/зима 2017 под наслов „ The grass is always green ". Романтично бегство од градската врева, авантуристички дух и изглед како од соништата со доза на бунтовништво во контраст со окружувањето, совршено ја најавуваат претстојната сезона. Во кампањата се прикажани „must-have" парчињата од светските познати брендови како Replay, Diesel, Guess, Desigual, NZA New Zealand, Scotch&Soda, SuperDry, UGG и останатите брендови од Fashion&Friends.

GUESS

Оваа сезона колекцијата на GUESS нуди микс на џинс парчиња - фармерки со висок струк и „скини-фит", со украсни елементи и „искинати" парчиња. Вештачкото крзно е повторно „ин" оваа сезона, го има во различни бои и претставува клучен детаљ на јакните. Логото на маиците и блузите добива нов изглед, преку кои парчињата се навраќаат на корените на брендот. Црно-белата кампања ја рефлектира автентичноста на американскиот стил, претставен преку разновидните џинс модели.

DIESEL

Енергијата на 90-тите години е присутна во есен-зима колекцијата на Diesel. Микс од различни парчиња, „гранџ" и рокенрол стил, кариран дезен и џинс со искинати детали. Инспирација за новата колекција се музичките фестивали и рок концертите. Флорални принтови и деталите од тантела даваат нежност на црните парчиња, а кожните и плетени елементи го збогатуваат зимскиот изглед. Американскиот „винтиџ" стил е претставен преку моторџискиот изглед – од јакни со волна до класични црвено-црни карирани парчиња, со амблеми на класичните војнички „бомбер" јакни, парки и наметки.
Новите JoggJeans модели се толку удобни што ќе посакате и во нив да спиете – Diesel ги претставува вашите џинс од соништата. Револуционерни модели кои се неверојатно удобни, меки, еластични, со висок квалитет и истрајност.

LEVI'S

Препознатливите тексас јакни од Levi's кои се носени од рок ѕвездите, фармерите и „бунтовниците" се најпрепознатливиот дизајн на брендот, кој континуирано еволуираше со текот на годините. За оваа сезона брендот креираше јакна со руво која е погодна и за зимските денови, а достапна е во различни џинс нијанси. Маиците и блузоните со препознатливото лого на брендот се достапни во повеќе бои и во различни варијанти, а задолжителни парчиња се и тексас и карираните кошули.

Scotch&Soda

Scotch&Soda колекцијата изобилува со шаренило. Кариран и пругаст дезен, колор-блок комбинации на кои преовладуваат есенските бои како окер, темно зелена и маслинеста, бордо, тегет и кафена. Колекцијата нуди безвременски парчиња, кои со сигурност ќе бидат актуелни во текот на годините. Уникатни модели дизајнирани од различни ткаенини и шари кои создаваат впечатлив изглед. Тоа што брендот го поттикнува кај купувачите е отвореност и креативност во комбинирањето. Задолжителни парчиња: „бомбер" јакни.

DESIQUAL

Кога помислуваме на Desigual, веднаш се поврзуваме со колоритниот свет на брендот. Флорални мотиви испреплетени со различни материјали и дезени кои го создаваат препознатливиот Desigual лик. Џинс парчињата добиваат егзотичен изглед, со уникатни украсни елементи кои го збогатуваат парчето и го прават поефектно. Зимските јакни освен што ќе ве затоплат, ќе ги разведрат „тмурните" зимски утра со својот впечатлив изглед.
Оваа сезона ужувајте во тренди принтови и доза на елегантност со Desigual.

UGG

Најпрепознатиливите зимски чизми со оригинален дизајн се моделите на австралискиот бренд UGG. Така и оваа сезона, повторно нѐ изненадуваат со нови и обновени модели изработени од врвен квалитет на овча кожа. Деталите како пувки, реси, машнички и светкави украси го прават секој пар чизми да биде уникатен.

REPLAY

Есен-зима колекцијата на Replay е вистинска рефлексија на брендот, претставена преку иновативните парчиња со бунтовнички дух. Војничките мотиви, моторџискиот и колеџ стилот се сретнуваат и спојуваат за да ги прекршат сите „правила". Колекцијата „бунтовници и херои" зазема форма преку смели дизајни. Кожни и „бомбер" јакни и маици инспирирани од рокенрол светот, „карго" модели во војничко-зелена и принт со камуфлирачки ефект во кои не можете да останете незабележани. Црната доминира на моторџиските јакни, а сината и црвената се клучни бои на колеџ моделите. Деталите како амблеми даваат урбан и модерен изглед на парките. Колоритните вештачки крзна и флоралните принтови продонесуваат за шик зимски изглед.

Објавено:
25 октомври 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
573 пати