Оливија Палермо креираше колекција како за себе

5 септември 2016

Новата колекција на познатата модна блогерка Оливија Палермо за брендот Chelsea 28 е олицетворение на нејзината препознатлива стилска естетика.

Тоа подразбира голема доза на романтика конципирана во современи, тренди, шик и деловни изгледи каде совршено е споен лежерниот со гламурозниот стил.

Вообичаено за неа и во оваа линија преовладува духот на 70-тите години, па може да забележиме многу детали карактеристични за тој период: карнери, голи рамена, тантела, комбинезони, џинс во „ѕвонеста" форма, тенки шалови врзани околу врат...

Колекцијата веќе од денеска е достапна во продажба, а цените на парчињата се движат од 79 до 499 американски долари.

 

Објавено:
5 септември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.565 пати