Операција Гучи: Спој на различни светови и култури

22 февруари 2018

Алесандро Микеле очигледно се чувствува сосема комфорно и инспирирано во кожата на Гучи. Тој не пропушта можност со секоја наредна колекција да експериментира и на својствен начин, да ја шокира публиката. Под превезот на мистичноста и имагинацијата, тој создаде нова колекција која е спој на сосема различни светови, култури, идентитети... А денеска сите зборуваат за концептот на неговата нова колекција за Гучи...

Ја прикажа во еден сосема необичен амбиент, што симулира операциона сала, себе метафорчино претставувајќи се како пластичен хирург што игра со визуелниот идентитет на „пациентите".

Неговиот свет на имагинација ги оживеа и ликовите и суштествата од приказната за Хари Потер, па на писта видовме и змии, змејови, гуштери што доведе до една форма на модно лудило карактеристично за креативниот дух на Микеле.

Секој аутфит е свој карактеристичен спој на различни декади, приказни и културолошки обележја, а во целиот тој микс се користени и „неспоиви" комбинации на материјали, украсни детали, дезени...

Погледнете како изгледа модното лудило на Гучи прикажано преку колекцијата за сезоната есен-зима 2018/19.

Објавено:
22 февруари 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
746 пати
Тагови: 
Гучи