Во време кога сите дизајнери ги лансираат нивните ресорт колекции, дефинитивно требаше некоја што ќе се издвои и која ќе не освои од прва.

Токму таква е последната ресорт колекција на брендот Оскар де ла Рента, во која ќе најдете извонредни парчиња создадени од неверојатни материјали.

„Отсекогаш сакав да дизајнирам облека која жените ќе сакаат да ја носат, а не креации кои ќе изгледаат само добро на пистата“, изјави во една прилика дизајнерот.

Токму такви парчиња можеме да видиме во оваа колекција која дизајнерот сигурно би ја обожавал. Секоја креација во оваа колекција е совршено изработена за секоја жена да се чувствува посебна и прекрасна во неа.

Дизајнерите на модната куќа во истата сместија фантастични фустани со интересни кроеви и додатоци, женски костими во неодоливи пастелни бои, шик здолништа и женствени панталони, плетени џемпери со супер принт и неодоливи цветни моменти кои сè уште се омилени.

Секако, модната куќа и овојпат нè почести со раскошни фустани по кои инаку се познати, но и креации кои се одлика на црно – белиот минимализам.

Ова е дефинитивно колекција за сите девојки вљубени во романтичните парчиња, но и за сите оние кои сакаат сезонава да се истакнат со нешто впечатливо и уникатно.

Објавено:
11 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
410 пати