Откријте го светот на шумските авантури во детската колекција на H&M

7 октомври 2014

Секоја година се радуваме на новите модели кои шведскиот бренд H & M ги лансира за децата.

Оваа година колекцијата за најмалите е инспирирана од шумските авантури, од светот на фантазијата и бајките каде се е толку магично, волшебно и прекрасно. Парчињата се дизајнирани со одлични апликации кои го отсликуваат животинскиот свет, разиграните цвеќиња и колоритните инсекти и птици. Колекцијата вклучува чизми, дуксери, блузи, кошули, крзнени јакни и капи. Сите оние кои сакаат своите најмили да ги облечат во новата колекција на H & M, ќе мораат да почекаат уште некоја недела, бидејќи во официјална продажба ќе биде пуштена од 23 октомври во сите продавници ширум светот.

Најдобрата работа е тоа што 25% од средствата од продажбата на детската облека е наменета за УНИЦЕФ, за помош на оние деца кои се најзагрозени и за изградба на нови образовни установи. Во продолжение погледнете дел од парчињата од најновата колекција за есен-зима 2014/15.

Објавено:
7 октомври 2014
Категорија: 
Колекции