Ова е комплетната колекција на Бекам за „Таргет“

17 март 2017

Во магазинот „Ин стајл“ беше најавено лансирањето на колекцијата за жени и деца на Викторија Бекам за „Таргет“. Неколку дена подоцна, комплетниот резултат е презентиран, а официјално продажбата ќе започне на 9-ти април.

Бекам не го криеше задоволството што ќе може да креира за поширока целна група и различен тип жени и на тој начин да им се приближи.

За потсетување, креациите ќе бидат и со подостапни цени, движејќи се од 6 до 70 долари. 

Во галеријата погледнете што нудат двата бренда за актуелната сезона пролет-лето. Сигурни сме дека ако ништо друго, ќе се инспирирате да побарате нешто во тој стил низ нашите продавници.

Објавено:
17 март 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
195 пати