Оваа есен во Манго акцентот е на плетивата

15 октомври 2018

Во новата есенска колекција на Манго акцентот е на плетивата, што за овој период од годината важат за омилени парчиња.

Неодоливиот избор на плетени ролки, блузи и џемпери, е само една од причините поради која и оваа сезона плетивата ќе бидат задолжително тренди парче во сечиј стил.

Втората причина е тоа што може да се комбинираат на бројни начини, што е дополнителна мотивација вашата креативност и индивидуализам да дојдат до израз.

Ние ќе ве потсетиме дека широките ролки-фустани, може да ги комбинирате слоевито, со добар пар џинс или пак со миди плисирано здолниште. Плетениот џемпер пак може да го облечете врз омилениот романтичен фустан со цветен принт или да го вклопите во кежуал комбинација со панталони со висок струк и едноставна маичка.

Во актуелната сезонска колекција на Манго, ќе најдете голем избор на модели во земјени нијанси, од такви со предимензиониран крој до варинати со колор блок комбинации.

 

Објавено:
15 октомври 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.057 пати