Паганските ритуали презентирани низ модната призма на Гарет Пју

25 септември 2014

Во тој контекст, посебно внимание ни привлече пролетно – летната колекција за 2015 година на британскиот дизајнер Гарет Пју, кој вчера се претстави пред парижани. За разлика од модниот перформанс во Њујорк, кој беше дополнително збогатен со танчари, инсталации и видео записи, дизајнерот во Париз одлучи уметничкиот хаос да го сведе на едноставна презентација со фокус на моделите, наместо на специјалните ефекти.

Главна тема на новата колекција се токму паганските ритуали, обреди и древни култови кои биле или сеуште се карактеристични за одредени култури.  Моќноста на креациите се состои во вештиот начин на изработка на облека која наликува на сцена од некој хорор филм, во кој главната хероина воодушевува, но и остава енигма зад себе, благодарение на дополнителните модни додатоци како што се роговите, прекриените лица и капите кои допринесуваат за мистичност, но и сензационалност на целата колекција. Во неа доминираат бежот, сивата, белата и црната боја, а особено се двојат белите пруги, како можен тренд за наредната сезона. Во продолжение, погледнете ја феноменалната колекција на Герет Пју за пролет-лето 2015 година.

#t=106

Објавено:
25 септември 2014
Категорија: 
Колекции