Париска урбаност во изведба на хрватско модно дуо

19 септември 2014

Хрватскиот моден двоец Jet Lag, зад кое се потпишуваат дизајнерките Јасмина Арнаутович и Маја Виргеј, реализираше младешка и урбана верзија на парискиот животен стил.

Инспириранa од градот на светлината, колекцијата за есен-зима 2014/15 едноставно е насловена „Париз“, а според објавениот лукбук може да констатираме дека доминираат функционални парчиња со детали „пресликани“ од архитектурата, уличниот шарм, но и од безвременската муза Едит Пјаф. Линијата е облагородена со космополитска свежина, полна со трансформации и уникатни модни додатоци.

Спојот на ретро фазонот со сексапилот е направен преку романтичните здолништа, машките кроеви на женските парчиња, коктел фустаните, невообичаените кошули, широките капути и мантили. Колекцијата е „прошарана“ со храбра палета од црна, различни нијанси на сива и плава  и црвена боја во монохроматски и колор блок варијанти.

 

 

Објавено:
19 септември 2014
Категорија: 
Колекции